Боцевски на РСМ: СДСМ се однесуваат како размазени деца

Аналитичарот Ивица Боцевски во емисијата „Ринг“, посветена на анализи, интервјуа, коментари, дебати и соочувања која се емитува на „Радио Слободна Македонија“, говореше за однесувањето на опозицијата кое наликува на однесување на размазени деца.

Според Боцевски, на сите им е јасно дека опозицијата е во безизлезна состојба и никој не се потресе од нивната одлука за бојкот, од нивното забегување со најава на некакви паралелни парламенти , што наликува на многу нешта, но не и на политика. Боцевски нагласи дека опозицијата би требало да се прости од идеите за формирање на техничка влада или предвремени избори.

„Техничка влада е налудничаво барање“, нагласи аналитичарот и според него СДСМ е извор на постојана криза секогаш кога се наоѓаат во опозиција.

Според Боцевски во Република Македонија јасно е искажана волјата на граѓаните кои на изборите се произнесоа за победа на актуелната коалиција.

„СДСМ се однесуваат како размазени деца“, нагласува Боцевски што е недозволиво за политиката и накусо потсети на случувањата од 24 декември  кога СДСМ сакаа да ја внесат Македонија во технички банкрот без никаков повод.

„Тие одлучија да ја водат државата во хаос“, вели тој додавајќи дека еден ден на законски и политички начин треба да се казни таквото однесување, односно мора да се живее во реален свет, а не во измислени филмови.   

Задржувајќи се на „измислените филмови“, аналитичарот се фокусираше и на појавата на негување на идеототалитарната мисла на Ленин од страна на некои поединци во државава.

„Убеден сум дека овие идеи не може да се прифатат! Ова се обиди на замајување на јавноста“, вели Боцевски.

За како што вели комплетниот надреализам  на „нашите неоленинисти“ и за апсурдот на истото е и најавата за трибина во „Александар палас“ на тема за отсуство на демократијата во општеството.

16.06.2014 - 18:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега