Стартува бродската линија Охрид - Поградец

Од Охридското пристаниште денеска ќе почне да сообраќа првата бродска линија Охрид – Поградец.

Станува збор за чартер линија, која ќе служи за превоз по воден пат на туристите од Охрид во Македонија до Поградец во Албанија и обратно.

На стартот на првото запловување ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески.

Во албанскиот град Поградец,  Јанакиески и Бакрачески ќе бидат пречекани од своите албански колеги, министерот за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто и градоначалникот на Поградец, Артан Шкембиј. 

17.06.2014 - 08:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега