Јапонски експерти ќе работат на заштита на Охридското Езеро

Јапонски експерти ќе работат на физибилити студијата за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Експертите од Јапонија денеска треба да пристигнат во Македонија. Тие ќе соработуваат со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат вели дека ќе работат согласно планот.

- До декември годинава треба да се изработи нацрт - верзијата на физибилити студијата, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија, изјави Пановски.

Откако ќе биде изготвена физибилити студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна. 

17.06.2014 - 09:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа