„Младите се запознаваат со нивните права и слободи“

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска се одржува „Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Конференцијата ќе започне во 12 часот. 

Еднодневниот настан „Конференција за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи“  има за цел поголема информираност и запознаеност на младите со нивните права и слободи потребата за интеграција на младите и запознавање со нивните права и слободи, нивна поголема заштита и практикување во секојдневниот живот и посочување на потребата од интеграција помеѓу младите на повеќе основи и нивоа преку едукација

Настанот ќе содржи низа предавања кои ќе бидат од областа на интеграција и областа на младински права и слободи. По секое предавање ќе има простор посетителите да поставуваат прашања за предавачите. После предавањата ќе следат филмски проекции кои ќе поттикнат дискусија помеѓу учесниците и предавачите. Ќе следи и презентација на Советодавниот сервис за права на млади, простор каде младите во секое време ќе можат да постават прашање поврзано со нивен проблем и да добијат одговор во рок од 7 дена.

17.06.2014 - 09:21
Фото: 
marili.com.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега