Oбука за пристап до информации од јавен карактер

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе одржи регионална обука на тема „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

OБуката има за цел да ја подигне јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, можностите кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Обуката ќе ја реализираат обучувачи од Секретаријатот на Комисијата. 

17.06.2014 - 09:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега