Ракитиќ официјално нов играч на Барселона

Фудбалскиот репрезентативец на Барселона Иван Ракитиќ и официјално е претставен како ново засилување за Барселона.

Ракитиќ ќе потпише петгодишен договор со Барселона, а во неговиот трансфер од Севиља на „Камп Ноу“ е вклучен и Денис Суарез кој во наредните две сезони ќе настапува како позајмен играч во екипата Севиља.

Хрватот пред Севиља го носеше и дресот на швајцарскиот Базел односно бундедслигашот Шалке.

Ракитиќ кој со Севиља изминатата сезона ја освои Лига Европа, во андалузискиот клуб постигна 15 голови на 52 одиграни натпревари, додека за репрезентацијата на Хрватска со која настапува на СП во Бразил има одиграно 62 натпревари на кои постигнал 9 голови.

17.06.2014 - 17:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега