Ѓуровски ги одбра 11 со кои ќе се спротивставиме против Кина

Тренерот на Македонската фудбалска репрезентација Ѓуровски го состави списокот за мечот кој што ќе го играме против Кина денеска во 13:45 часот. 

Тој ги избра: Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел.

Тимот воглавно се состои од играчи од домашниот шампионат. Покрај денешниот ќе се игра и втор меч со Кина на 22 јуни во Јинан. Ѓуровски се надева дека неколку млади фудбалери ќе ја оправдаат довербата и сериозно ќе се наметнат во најдобрата наша репрезентација.

-Благодарност до домаќинот за условите кои ни ги овозможија, навистина се чувствуваме одлично. Во репрезентацијата за овие два натпревари се наоѓаат млади фудбалери кои имаат свои квалитети и се надевам дека имавме доволно време да се подготвиме и да одиграме добро на утрешниот натпревар. Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција, изјави селекторот на репрезентацијата, Бошко Ѓуровски.

Превземено од ФФМ

18.06.2014 - 11:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа