Збогум за Бо Мекејлеб - Хендрикс нов Македонец

Лестер Бо Мекејлеб повеќе нема да игра за Македонија, па поради тоа Ричард Хендрикс избива во преден план. Како што пишува "Македонски Спорт" Ричард Хендрикс ќе го замени Лестер Мек Кејлеб на местото натурализиран Македонец во годинешните квалификации за Евробаскетот 2015.

Хендрикс на подготовки би требало да се појави на 6-ти јули, а минатата година доби право да игра за Македонија, но досега го нема облечено нашиот национален дрес.

Бо Мекејлеб има напорна и долга сезона во турското првенство, па и тој најави оти сака да одмори летово.

 

18.06.2014 - 13:40
Фото: 
офнет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега