Пијани „летале" на улиците - полицијата демне во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се случиле седум сообраќајки на подрачјето на Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала седум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и ги исклучила од сообраќај, двајца возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата и осум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

18.06.2014 - 16:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега