Косовците трошат по 200 милиони евра за летување во Албанија

 

Косовските граѓани кои летните одмори ги минуваат на албанскиот брег секоја година трошат по најмалку 200 милиони евра, јави дописникот на МИА.

Ова го потврдуваат туристичките експерти кои додаваат дека во текот на летото на албанскиот брег одморот го минуваат 700 до 800 илјади Косовци, кои главно за одмор го избираат Драч, а помалку Валона и Саранда.

Тие претставуваат 48 отсто од вкупниот број туристи кои во летниот период доаѓаат во Албанија.

- Според нашите проценки косовските годишноодморци секоја година трошат по најмалку 200 милиони евра за одмор на албанскиот брег. Илјадници од нив кои работат во западноервопските земји, пред да дојдат во родните места, најпрво застануваат на албанското крабрежје каде веќе ги чекаат нивни блиски од семејствата, изјави Зек Чеку, експерт по туризам за косовскиот весник „Зери“.

Според него, околу 70 отсто од трошоците кои ги прават косовските граѓани ги подмируваат нивните најблиски кои работат во странство, кои имаат повисок животен стандард, поради што и трошат повеќе за сопствениот и одморот на нивните роднини.

- Просечно едно петчлено косовско семејство за десетдневен одмор троши до 1.500 евра, но има и такви кои трошат и повеќе, но и такви кои трошат помалку, вели Чеку.

Тој става забелешка на фактот што во летниот период, сопствениците на станови кои ги изнајмуваат на туристите, како и сопствениците на други бизниси во Албанија, вештачки ги зголемуваат цените на услугите и производите и оти не покажуваат потребно внимание кон годишнодморците. 

најчитано сега