Четворица повредени во крвави несреќи на скопските улици

Во текот на изминатото деноноќие на скопските улици се случиле девет сообраќајни незгоди. Седум од нив биле со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле тројца возачи на автомобили и еден сопатник.

На скоските улчици се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета во кои бил пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Сообраќајната полиција вчера ловела и казнувала возачи на велосипеди со мотор, мопед и мотоцикли кои не ги почитувале правилата. Санкционирани биле 13 возачи кои сториле прекршоци, од кои на 10 покрај казна, издадена им е покана и за сообраќајна поука.

Казнети биле и тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, како и 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, од нив 18 со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни заработија и седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 10 возачи не го користеле безбедносниот појас, односно го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со специјалното возило „пајак“ вчера биле отстранети 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

19.06.2014 - 09:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега