Дечко од Скопје осомничен за грабежот на Поштата на Бит Пазар

31 годишен скопјанец е осомничен дека го извршил вчерашниот вооружен грабеж на Поштата на Бит Пазар.

Полицијата го идентификувала разбојникот и во моментов се врши претрес во неговиот дом. Скопјанецот е осомничен дека вчера во 7 наутро, маскиран и вооружен со пиштол влегол во Поштата на Бит Пазар и од вработените успеал да земе 80.000 денари.

Продавниците близу до ограбената Пошта се уште не биле отворени во моментот на грабежот, па тие не можеа да сведочат за настанот.

 

Вчерашниот грабеж е трет грабеж на Македонски пошти во последниот месец.

19.06.2014 - 11:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега