Прсти да излижеш: Направете вкусни бомбици со кикиритки и чоколадо

Еве што ви е потребно за подготовка на овој рецепт:

  • 200гр. мелени кикири
  • 150гр. мелени бисквити
  • 200мл. вода
  • 50гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 2 лажици путер
  • 50гр. чоколадо за готвење
  • 2 лажици мед
  • Кикириките и бисквитите сомелете ги и ставете ги во еден подлабок сад.

Во сад на оган зовријте ја водата, додадете ги шеќерот, ванилата и путерот. Дури е жежок шербетот потурете ги кикирите и бисквитите и оставете ги да се изладат. Смесата поделете ја на два дела. Во едниот ставете го медот, а во другиот топеното чоколадо. Направете бомбици, валкајте ги во рендано чоколадо и мелени кикири.


19.06.2014 - 11:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега