Вардар се ослободи од 12 фудбалери

Челниците на фудбалскиот клуб на ФК Вардар, се реши да направи измени во тимот, по што дојде и крај на ангажманот на неколку фудбалери во составот на црвено-црните. 

Денеска и официјално беше ставено крај на соработката со голманот Костадин Захов, напаѓачот Драган Георгиев, поранешниот капитен Раденко Бојовиќ, Стеван Релиќ,  Антонио Бујчевски, Владимир Димитровски, Мирослав Јованоски, Жарко Симјаноски, Мартин Блажевски, Анеј Ловречич, Ѓорги Заревски и Мите Цикарски, објавено е на официјалната интернет страница на тимот.

Дел од нив заминуваат како слободни играчи, а со дел од нив спогодбено е раскинат договорот, соопштуваат од таборот на „црвено-црните“.

19.06.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега