Во Македонија веќе нема БМВ

Увозникот и дистрибутер за автомобилите БМВ, МИНИ и Ланд Ровер за македонскиот пазар, ги затвори своите салони, а просториите на компанијата се напуштени.

Сопствениците кои треба да ги сервисираат купените возила под гаранција сега имаат проблем бидејќи за да го направат тоа морат да одат во некои од блиските земји каде што има овластени сервиси како што се Србија, Грција Бугарија или Хрватска.

Причините за затворањето не се познати, а на официјалниот сајт на БМВ е наведено дека македонската компанија која до сега работеше на пазарот повеќе не е нивни дистрибутер. Како што е објаснето, договорот е истечен и не е обновен со заедничка согласност, а подоцна ќе биде објавено кој ќе биде новиот дистрибутер.

Оваа фирма освен Македонија го покриваше и пазарот на Косово.

 

19.06.2014 - 16:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега