ОДЛИЧНА ВЕСТ: РК Вардар доби вајлд карта - нема да игра квалификации

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар и следната сезона ќе игра директно во групите од Лигата на шампионите. Ова откако ЕХФ предмалку реши да го прифати барањето на РФМ за уште еден македонски тим во најквалитетното натпреварување.Тоа значи дека покрај шампионот Металург, и Вардар ќе игра директно во групите од ЛШ.

Учеството на црвено-црните беше неизвесно затоа што на Македонија ѝ следуваше само едно место во најсилната лига, како впрочем и на сите останати земји освен Германија и Шпанија. Оттука беше јасно дека остатокот од местата ЕХФ ќе го пополни со доделување вајлд-карти на останатите екипи кои ќе поднесат барање. Решението е донесено врз основа на повеќе критериуми како квалитетот на клубот, финансиската моќ, интересот кај публиката, ТВ-покриеноста…

 

 

20.06.2014 - 15:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега