Невиден резил - „делиите“ им го собраа пехарот на Партизан

Во српскиот кошаркарски шампионат сезонава се случија низа инциденти, а првенството на таков начин ја дочека и самата завршница. Синоќа по завршувањето на финалето кое го доби Партизан со 3-1 во победи, не можеше да биде врачен пехарот наменет за победничкиот тим, затоа што навивачите на Црвена ѕвезда го украдоа и не сакаа да го вратат.

По неуспешното десетминутно убедување трофејот за шампионот да биде вратен, на црно-белите им беа доделени само медали и така заврши свечената церемонија.

Домашните навивачи пехарот симболично му го доделија на својот капитен Марко Симовиќ, а потоа го скршија и го фрлија во подтрибинскиот простор.

22.06.2014 - 10:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега