Мируваа мрежите на мечот со Кина

 Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено - 0:0 на вториот контролен натпревар на гостувањето кај Кина.
 
Ниту денеска на средбата одиграна во Јинан „црвено-жолтите“ не успеаја да ја затресат противничката мрежа со што продолжи голгетерскиот пост кој трае веќе четири натпревари.
 
На двата тест натпревари со кинеската репрезентација Македонија настапи главно со играчи од домашното првенство.
 
Првата средба што се одигра во четвртокот во Шенјанг ја доби Кина со 2:0.
 

 

Овие дуели беа во функција на подготовките на македонските фудбалери за настап во квалификациите за Европското првенство 2016. 
22.06.2014 - 14:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега