Ќе се спасиме од досадните комарци

На подрачјето на Град Скопје утре и во среда оваа недела ќе се изврши втората авионска дезинсекција против ларви од комарци, во период од 5 до 11 часот, а ќе ги опфати сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, прскањето ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 

23.06.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега