Трогателна приказна за фризурата на Роналдо поради која сите го исмеваат

И додека целиот свет го исмеваше португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо за неговата фризура, на социјалните мрежи се појави вистинската причина зошто тој е така истрижен.

 

Имено станува збор за една трогателна приказна.  Роналдо си ја истрижил косата за да изгледа исто така како лузната од операцијата на едно момче, на кое му бил отстранет тумор од мозокот минатата недела.

 

Покрај тоа, фудбалерот ја платил операцијата која чинела 83 илјади долари за младиот Ерик Ортиз.

 

Сите избрзавме со критиките, но Роналдо уште еднаш испадна херој.

23.06.2014 - 14:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа