Лазаров се уште не постигна договор со ниту еден клуб

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во врска со информациите дека од следната сезона ќе премине во Барселона денеска изјави дека преговорите се уште траат и не е постигнат договор со ниту еден клуб.

- Драго ми е што постои голем интерес околу мојата иднина во Македонија и тоа бескрајно го почитувам. Сепак по редот на нештата не можам да потврдам дека сум постигнал договор со ниту еден клуб. Преговорите со сите заинтересирани страни се уште траат и по професионалната етика кога се ќе биде официјално, мојот нов клуб ќе ја официјализира нашата соработка. Но ветувам дека македонската јавност навремено ќе знае каков е мојот избор, вели Лазаров во пишаната изјава од Шпанија каде уште оваа недела е во тренажен процес со Атлетико Мадрид.

Спортскиот дневен весник „Ел Мундо Депортиво“ објави дека Лазаров најверојатно дресот на Атлетико Мадрид од следната сезона ќе го замени со дресот на Барселона. Според весникот, Лазаров нема да ја менува АСОБАЛ лигата, туку само клубот и ќе мине во редовите на шпанскиот шампион и седумкратен европски првак.

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега