Торта со јагоди и јогурт

Направете си вкусен десерт овој пат нека биде изборот на торота со јагоди и јогурд, еве што ви е потребно:

Состојки:

300 грама бисквити 

9 лажички шеќер во шрав

0,5 литри јогурт

500 грама јагоди 

3 кесички шлаг

450 милилитри млеко.

Подготовка:

Најпрво искршете ги бисквитите и одделно измешајте ги шеќерот и јогуртот, а потоа прелијте ги бисквитите и обликувајте ја тортата по ваша желба. 

За припрема на филот, изматете го шлагот со ладно млеко и поделете го на два дела. Во едната половина од изматениот шлаг додадете ситно исечкани јагоди и премачкајте ја тортата. Со остатокот од шлагот украсете ја тортата. Јагодите можете да ги замените со праски, банани, киви.

24.06.2014 - 14:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега