Предлог за одложување на пререгистрацијата на земјоделците

Од 1 јануари 2015 година да започне пререгистрацијата на земјоделците, побараа неколку пратеници поднесувајќи измени на закони што Собранието на Република Македонија треба да ги донесе на денешното продолжение на шестата седница.

Пратениците треба да се изјаснат за измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка, поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.

Во овие закони се менува по еден член и со нив се бара одложување на почетокот на пререгистрацијата на земјоделците од 1 јуни 2014 на 1 јануари 2015 година поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи. Поради тоа предлагачите на законите бараат тие да бидат донесени по скратена постапка.

 

25.06.2014 - 09:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега