Светска банка: Македонија се движи во насока на озеленување

Македонија, како и многу држави, веќе се движи во насока на озеленување. Главните елементи на патеката на зелениот раст се протегаат низ сите сектори, со особон акцент на водите, земјоделскиот сектор, надминување на предизвиците за приспособување на менувањето на климата, енергетиката и транспортот. Ова се наведува во извештајот „Зелен раст“, на Светска банка која одбележува 20 години од работењето во Македонија.

На презентацијата се обрати и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој истакна дека Светска банка е еден од најважните партнери на Македонија. Изминатите 20 години, како што рече, Светска банка претставуваше витален извор на финансиска и техничка поддршка за нашата држава, поттикнувајќи го развојот на повеќе сектори.

- Главната придобивка од имплементацијата на Стратегијата, а и активната работа на Националниот совет за одржлив развој при Владата е воспоставување на општество засновано на знаења, политики кои истовремено ќе овозможат економски раст и развој, успешно прилагодување на македонското стопанство кон климатските промени, зголемување на вработеноста, задржување на макроекономската стабилност. Во исто време и заштита, унапредување и одржување на животната средина и рационално искористување на ресурсите, со цел зголемување на животниот стандард на македонските граѓани, рече Пешевски.

 Анализата резултираше со воспоставување макроекономски модел, инструмент кој ќе и овозможи на Владата преку стимулирање на конкретни политки и сценарија, на среден и долг временски период, да ги примени најдобрите мерки и практики со што ќе се зголеми квалитетот на владините одлуки и политки, чија крајна цел е подигање на животниот стандард и обезбедување на просперитетна и сигурна иднина за генерациите кои доаѓаат, рече Пешевски.

Во извештајот се наведува дека за неколку децении Македонија ќе биде побогата земја како Западна Европа, а едни од приоритетите за кои треба да се размислува се енергетската ефикасност, снабдување со енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови, транспорт, урбано планирање, климатските промени, чиста вода... 

25.06.2014 - 12:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега