Со новите владини мерки до подобар живот на лицата со инвалидност

Министрите за труд и социјална политика и транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески остварија средба со претседателите на Националните сојузи на слепи и на телесни нвалиди и со представници од здружението „Полиоплус“.

Владата континуирано превзема мерки со кои се олеснува и подобрува животот на лицата со инвалидност и попреченост:- Токму поради тоа на последната седница на Владата на Р.Македонија беа усвоени низа законски измени со коишто значително ќе се подобри животот на лицата со инвалидност, односно простапот со сите објекти од  јавна намена, до сите деловни објекти и до сите станбени згради коишто во иднина ќе се градат, при што предвидено е сите објекти да имаат пристапни рампи за инвалиди, исто така предвидено е лифтовите да бидат прилагодени за пристап на телесни инвалиди и за слепи лица, а понатаму се предвидува и централните градски подрачја и во градските паркови каде што ќе се градат нови пешачки патеки или ќе се реконструираат постоечките, истите да бидат прилагодени со тактилни патеки коишто ќе бидат наменети за слепите лица, рече Спасов.

Како што нагласи министерот Јанакиевски, дел од подзаконските акти ќе се допрецизираат во понеделник.

- Ќе се опише што се` треба да содржат например становите, ние во Законот за гардба напарвивме измена кадешто секој десети стан мора да биде така изграден и адпатиран со пристап за инвалидите лица и тоа треба точно да се опише во подзаконските акти, точно да се опише како ќе изгледаат лифтовите-со брајова азбука, со звучна сигнализација, значи за сите оние мерки кои ги донесовме како Влада дијалогот ќе продолжи за да ги изготвиме сите акти и очекувам дека по влегување во сила на Законот за градење веднаш да бидат донесени и подзаконските акти за да можат сите овие мерки да бидат во функција, се со цел да се олесни животот на оваа група на граѓани, посочи Јанакиески.

Најзадоволни од новите Владини мерки се и претседателите на Националните сојузи на лицата со инвалидност, бидејќи како што истакна претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски, истите ќе го олеснат вклучувањето на лицата со инвалидност во сите сфери на општественото живеење.

25.06.2014 - 14:06
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега