„Со книга на плажа“ - клубот Матица ја почна кампањата

Клуб Матица ја најави 15.  по ред кампања „Со книга на плажа“ со низа интересни активности предвидени за летните месеци.

Како и секоја година и оваа се избира „Хит на летото“. Оваа година според читателите апсолутен хит е последната книга на Јелена Бачиќ Алимпиќ „Последната пролет во Париз“.

- Дополнително, активностите кои во соработка со туристичките агенции ќе се реализираат летово имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да ги посетат македонските туристички центри, но и оние кои ќе решат својот летен одмор да го поминат некаде во странство, да се дружат со книгата да читаат повеќе, изјави на денешната прес-конференција Дејан Павлески, директор на Клуб Матица.

Покрај овие активности, годинава ќе се повтори и кампањата „60 летни денови – 60 нови наслови”, со што повторно ќе се одбираат летни наслови по промотивни цени, секој ден во текот на наредните месеци.

Во летниот период, во Клуб Матица ќе се собираат и книги од читателите но и лектирски изданија на Матица, кои ќе бидат подарени на децата од социјално загрозени семејства за време на летувањето. 

25.06.2014 - 14:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега