Вељаноски се сретна со делегација на британскиот Парламент - еве за што се зборуваше

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска оствари средба со Делегација на Парламентот на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска составена од пратениците Карен Ламли, Стјуард Ендру, Клајв Бетс и Џема Дојл, членови на Групата за соработка со Република Македонија, како и со амбасадорот Чарлс Едмунд Гарет, што е уште една потврда за добрите односи и искреното пријателство помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

На средбата се зборувало за темите кои се од исклучителна важност за Република Македонија, членството во НАТО алијансата и интеграцијата во Европската унија, при што Вељановски истакнал дека постои сериозна подготвеност од страна на Република Македонија за побрзо членство и интеграција, особено поради тоа што истите би резултирале со поголем економски просперитет на државата и подобра општествена состојба на граѓаните. Исто така, претседателот на Собнранието истакнал дека очекува и се надева на поддршка од страна на Обединетото Кралство имајќи го во предвид НАТО самитот кој ќе се оддржи во Велс во септември 2014 година.

Карен Ламли, како претседавач на Групата за соработка со Македонија на Обединетото Кралство, Велика Британија и Северна Ирска рече дека Република Македонија останува да биде високо на нивната агенда. Притоа беше искажано задоволство поради учеството на македонски армиски трупи во мировните опрации во Авганистан.

Вељаноски и неговите гости разговараа и за посветеноста кон економскиот развој на Република Македонија, како и за подготвеноста и желбата за побрзо решавање на спорот за името. 

25.06.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега