Во Велес се реализираат планираните капитални проекти

Градоначалникот  Славчо Чадиев и целиот тим на Општина Велес информираа за реализирањето на проектите и активностите зацртани во Програмите за работа на општината, кои беа ветени  во предизборната кампања.

- Велес наликува на големо градилиште. Се гради инфраструктура, се разубавува градот, а се градат и големи капитални објекти на кои граѓаните на Велес чекаа со децении, рече Чадиев на прес-конференција. 

Во големите капитални објекти се новата театарска зграда и градскиот стадион. Театарот е изграден со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, а стадионот беше реконструиран со поддршка од УЕФА преку ФФМ и Општина Велес. Двата објекта утре свечено ќе бидат предадени во употреба.

- Од не помала важност за граѓаните на Велес е и паркот пред училиштето „Васил Главинов“, единствена зелена оаза во најгусто населениот дел на новиот дел на  Велес, информираше Чадиев.

Градоначалникот ги покани велешани утре да присуствуваат на свеченостите и, како што рече, да бидат дел од овие историски мигови за Велес -  во 11 часот на Градскиот стадион, во 11.40  во паркот кај училиштето „Васил Главинов“ и во 12 часот пред новата театарска зграда. 

25.06.2014 - 15:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега