Хорор: Тетовчанец се обиде да си го убие помладиот брат со бекатонска плоча

65 годишниот Ф.А. од тетовско Челопек се обидел да го убие брата си со бекатобска плочка.

Според информациите од полицијата, крвавата пресметка се случила завчера пред куќата на Ф.А., откако од засега непознати причини тој се скарал со својот 57 годишен брат Ш.А. и неговиот 27 годишен син Б.А. кои копале канал за поставување водоводни цевки, пренесува Дневник.

По кратка расправија, Ф.А. влегол во куќата, таму нашол парче бекатон, се вратил во дворот и го удрил својот помлад млад по главата. 

Случаен минувач го однел Ш.А. во тетовската болница. ПО укажаната медицинска помош, тој бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата го привела насилникот и по расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

27.06.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега