Кај криви па уште и безобразни - МВР се справуваше со дрски кумановчани

Кумановчаните Н.К. (33) и К.М. (67) си заработија кривични пријави откако незаконски вршеле експлоатација на минерални суровини и се обиделе да спречат полицајци да им се приближат.

Н.К. и К.М. во периодот од 24 до 28 мај, во месноста „Долна Река“ атар на кратовското село Коњух, на две локации вршеле експлоатација на песок без соодветна концесија и дозвола. На 28. мај, неколку полицајци се обиделе да им се приближат со возило, но, Н.К. ја отворил задната страна од приколката на камионот и истурил песок на патот каде требало да помине полициското возило.

 

27.06.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа