Атанас и Исо ќе си поседат во затвор - скопската полиција конечно ги фати

Скопската полиција во последните неколку дена ловеше крадци.

На 25. јуни, скопската полицијата го уапсила 55 годишниот скопјанец Исо И. кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, поради извршена кражба. Исо бил спроведен во Затвор-Скопје.

На 23-ти овој месец го уапсила 37 годишниот скопјанец Атанас З. кој се барал за издржување затворска казна во траење од четири години и четири месеци, поради сторена тешка кражба. Скопјанецот бил бил спроведен во Затвор-Идризово. 

27.06.2014 - 12:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега