Охрид домаќин на Конференција на Советот на министри за култура на ЈИЕ

Република Македонија денеска и утре ќе биде домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ) – Јакнење на културата во функција на развојот“.

Конференцијата е oрганизирана од Министерството за култура, кое е претседавач со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа (КОМОКОСЕЕ) – Јакнење на културата во функција на развојот.

На конференцијата ќе присуствува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, како и министрите за култура на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Молдавија, Србија и Црна Гора, заменик-министерот за култура од Бугарија, голем број експерти, претставници на УНЕСКО, како и  претставници на Секретаријатот на Регионалниот совет за соработка.

Конференцијата ќе стартува утре со пленарна седница на која свое обраќање ќе имаар министерката за култура Канческа-Милевска и генералниот директор на УНЕСКО, Бокова.

Овој настан претставува прва регионална министерска средба која го потврдува спојувањето на платформата на КОМОКОСЕЕ со платформата за регионална соработка на УНЕСКО во областа на културното наследство. Спојувањето на двете платформи ќе придонесе за подобрување на менаџментот во областа на културата и на културното наследство, заеднички пристап за зголемување на продуктивноста во трошењето на расположивите фондови, промовирање на креативноста и диверзитетот на културните изрази како средства за одржлив развој, натамошен развој на образованието од областа на културата и уметноста, развој на креативните индустрии, а особено дизајнот, филмот и аудиовизуелните уметности, како и натамошно зајакнување на прекуграничните активности меѓу државите во регионот.

На конференцијата ќе се зборува и за натамошното развивање на институционалните и професионалните капацитети во регионалните центри, како и за отворањето нови центри, во приоритетните области од заеднички интерес.

Од Министерството за култура информираат дека во рамки на конференцијата ќе биде постигнат заеднички Договор за поставување на „КОМОКОСЕЕ - јакнење на културата во функција на развојот“ како најзначајна изворна иницијатива за регионална соработка.

27.06.2014 - 14:37
Фото: 
Канал 5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега