Номинациите за наградата „Златна топка“ на 8-ми октомври

Номинираните фудбалери во машка и женска конкуренција за наградата „Златна топа“ на реномираното списание „Франс фудбал“ ќе бидат објавени на 8 октомври.

На истиот датум ќе бидат соопштени и играчите, кои ќе влезат во конкуренција за освојување на наградите „Јашин“, за најдобар голман, и „Копа“, за најдобар млад фудбалер.

Престижната награда „Златна топка“ во чија организација повторно се вклучува реномираното француско списание, се враќа по едногодишна пауза, откако минатата година не беше врачена поради пандемијата на коронавирус.

Лауреати во 2019 година беа Аргентинецот Лионел Меси во машка, и Американката Меган Рапино во женска конкуренција.

Наградата за најдобар голман му припадна на Бразилецот Алисон, додека холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт беше прогласен за најдобар млад фудбалер.

24.09.2021 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега