Норвешка утре се враќа на нормалниот живот

Конечно, после 561 дена најостри рестриктивни мерки против коронавирусот, Норвешка се враќа на нормалниот живот.

Премиерката Ерна Солберг потврди дека рестриктивните мерки завршуваат утре во 16 часот.

Со оваа одлука, спортските и културните настани повторно ќе бидат во полн капацитет, без социјална дистанца.

Во Норвешка 76 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против ковид, додека 67 отсто се ревакцинирани.

„Сакам да кажам – Норвешка, ти благодарам“, кажа Солберг.

24.09.2021 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа