„Носете маски или ќе го затвориме градот, не сме ние нешто посебно“ - српскиот доктор ги предупреди граѓаните

По Хрватска гледаме што не очекува, не треба да мислиме дека ние сме нешто посебно и дека вирусот нас ќе не заобиколи од цела Европа. Ако граѓаните не носат маски и не се придржуваат до физичката дистанца, нема други мерки, освен затворање на Белград, предупреди српскио епидемиолог Предраг Кон.

Во последните 24 часа, во Србија биле тестирани 3.325 лица, од кои 214 биле позитивни на коронавирус, а две лица починале.

Како што пренесува „Блиц“, во моментов низ српските болници 24 пациенти се на респиратор.

 Кон предупреди дека ситуацијата во Белград е загрижувачка и дека се можни нови мерки веќе следната недела.

Тој изрази голема загриженост за непочитувањето на мерките, особено за неносењето на маски на отворен простор.

„За носењето маски на отворено, кризниот штаб е едногласен, особено кога станува збор за шеталиштата“, рече д-р Кон.

„Да не се плашиме од мерките, јасно е дека ова може да се реши само со спречување на контакти, без разлика дали тоа ќе биде полициски час, вонредна состојба, мора да се спречи ширењето“, нагласи епидемиологот.

Кон истакна и дека главниот град на Србија е под сериозен удар на вирусот.

„Белград има 116 случаи, а половина од нив се од ковид-центрите. Останатите се дијагностицирани во други центри. Белград влегува во сериозна состојба, бројот на увезени случаи во училиштата се зголемува, но добро се држат”, вели тој.

Рече дека засега училиштата нема да се затвораат.

„Сега им велам на сите, на граѓаните и на властите, ако маските на дадат резултат, тогаш мора да има локдаун, заклучување, како ќе се спроведе, искрено, тоа веќе не ме интересира“, наведе Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега