Нов бисер на лидерот на опозицијата: Заев се самопрогласи за премиер

Опозиционерот Зоран Заев вечерва при гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на 24 Вести се самопрогласи за премиер.

На Заев му беше поставено прашањето дали останува да ја извршува должноста градоначалник на Струмица или пак ќе има рокади, на што опозиционерот од Струмица се самопрогласи за премиер.

-Ќе има рокади после 11-ти декември, заради тоа што ќе победиме ние како опозиција на изборите, рече Заев.

На потпрашање на водителот дали тоа значи дека Зоран Заев ќе биде премиер, струмичкиот градоначалник одговори: „Така е“

Ваквата пуста желба на опозицискиот лидер е само уште еден нов бисер во низата негови гафови, бидејќи народот е тој кој што одлучува на кого ќе му ја даде довербата, а ако тоа зависеше само од Заев и неговите желби тој веќе ќе ја имаше премиерската функција.

 
 
08.11.2016 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега