Нов градоначалник го призна поразот: Не успеавме. Се боревме со сета енергија која што ја имавме

Кандидатот  за градоначалник на Струга од редовите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Идри Истрефи, преку својот Фејсбук профил го призна поразот. Како негов против кандидат беше актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

– Почитувани граѓани, мои стружани. Не успеавме. Се боревме против една цела власта со сета енергија која што ја имавме. Но, изгледа не беше доволно да ја победиме Струга. Животот продолжува. Заедно со него и напорите за да го направиме најдоброто за Струга, за генерациите кој што доаѓаат. Се ќе анализираме каде погрешивме. Ќе има длабока рефлексија. Ваквиот развој на настаните никако не треба да влијание на животот на обичниот стружанец. Но, сакам да ви се заблагодарам за вашата доверба и да ви се извинам што не можев на правам повеќе, напиша Истрефи.

31.10.2021 - 21:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега