Нов инцидент во Германија: Со автомобил влета во толпа луѓе

 

Најмалку три лица се ранети, откако автомобил влета во луѓе во југозападниот град Штутгарт, во покраината Баден-Виртемберг, јави ДПА.

Возачот на возилото е приведен, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во центарот на градот, но за среќа без фатални последици.

Возачот е приведен и задржан во полициска станица. Се испитуваат мотивите.

02.05.2025 - 20:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега