Нов контингент на вакцината „Фајзер-Бионтек“ пристигна денес во Србија

Нов контингент на вакцината „Фајзер-Бионтек“ пристигна денес во Србија, соопшти Министерството за здравство.

Пристигнаа 106.470 дози вакцина против коронавирус во Институтот Торлак.

-Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани, што ја покажува подвижноста и резултатот од нашиот процес на имунизација, истакна денеска директорот на Канцеларијата за информатички технологии и електронска администрација, Михаило Јовановиќ.

- Очекуваме оваа недела да се даде три милионитата  вакцина - рече Јовановиќ.

Тој посочи дека 1,17 милиони ја примиле втората вакцина, а повеќе од 950 000 биле имунизирани, односно поминале три недели од втората доза или пет недели во случај на вакцината АстраЗенека.

Јовановиќ истакна дека интересот на граѓаните не опаѓа и дека секој ден се пријавуваат меѓу 10.000 и 20.000 нови граѓани преку порталот е-Влада, има голем интерес на местата за вакцинација без регистрација, а тоа е дополнителен број, меѓу 20.000 и 30.000 на ден.

Тој потсети дека рекордот во дневниот број на вакцинирани лица, кој надмина 80.000, беше срушен во средата.

Кога станува збор за странски државјани со престој и без престој во Србија, досега се вакцинирани 39.000, што е околу два процента од вкупно вакцинираните.

Заклучно со вчера, во Белград се вакцинирани 530.507 граѓани, што претставува 37,7 проценти од возрасната популација, најави заменик-градоначалникот Горан Весиќ.

Весиќ изјави дека 356.768 граѓани на Белград биле реакцинирани, што претставува 25,4 проценти од возрасната популација.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега