Нов правилник на Министерството за образование за здрава храна во училиштата

 

Министерството за образование изготви нов правилник што ќе наметне користење на овошје и зеленчук во менито за храна во основните училишта во Македонија. Министерката Дескоска најави санкции за директорите и за училиштата што нема да се придржуваат до пропишаното.

Според направените студии 30 отсто од децата во Македонија живеат во сиромаштија. Едни гладуваат, други веќе се соочуваат со прекумерна тежина, како резултат на неизбалансираните оброци, објасни министерката за труд и социјална политика Царовска. Смета дека државата треба да има главната улога во надминувањето на овој проблем.

Од УНИЦЕФ апел- за децата да стекнат здрави навики од мали нозе треба да влијаат и семејството и институциите. Советуваат- првиот чекор е помалку да јадат шеќер, сол и масти.

Правилникот за стандарди во исхраната го разгледаа и нутриционистите. По јавната дебата, ќе следуваат законски измени, а потоа и имплементација на новините.

 

 

 

09.03.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега