Нов проект на МЗШВ - од утре здрава ужинка за секој ученик

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објави уште една радосна вест, овојпат за сите ученици:
 
Од основните училишта во општина Центар, денес започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик“, кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи.
Обезбедуваме здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.
30.11.2022 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега