Нов силен земјотрес ја погоди Црна Гора


Нов силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 22 часот и 7 минути во Црна Гора.

Епицентарот на земјотресот е на 10 километри северозападно од градот Никшиќ, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Потресот бил почувствуван во Босна и Херцеговина и во Хрватска. Во моментов нема извештаи за штети или жртви.

03.04.2024 - 23:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега