Нов случај на Ковид-19 во Малешевијата
Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата. Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај.
Од општината велат дека продолжуваат и понатаму да ги следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бидејќи тоа е од клучно значење вирусот да не зафати поголем опсег од населението.
И покрај тоа што Берово е туристички град, надлежните институции уверуваат дека и угостителите и сопствениците на сместувачките капацитети, доследно ги почитуваат мерките, што влева надеж дека појавата на заразата од КОВИД-19 ќе биде сведена на минимална бројка, како што е моментално со само еден активен случај.
Покрај денешниот случај во Берово, уште тројца пациенти од Пехчево имаат позитивен наод на коронавирус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа