Нов случај на семејно насилство: Татко ја претепал својата ќерка

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (22 септември) околу 13 часот и 30 минути го лишиле од слобода 48-годишниот Ф.Т. од гостиварско село.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски лицето е уапсено поради сомнение дека на 20-ти овој месец околу 20 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 20-годишна ќерка.

Се расчистува и документира случајот.

23.09.2022 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега