Нов сомнителен случај на коронавирус во Скопје

Нов сомнителен случај на коронавирус во Македонија. Министерството за здравство соопшти дека во моментот се врши тестирање кај патничка која вчера слетала од Милано.

-Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се врши тестирање на коронавирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега