Нов влажен бран над Македонија- метеоролозите најавуваат ниски температури и снег

 

Од пладневните часови се очекува промена на времето, со повремен дожд, а на планините со повремен снег. Врнежите до крајот на денот ќе се прошират насекаде и ќе продолжат и преку ноќта.

Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Температурите преку денот нема многу да се зголемат и ќе бидат од осум до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и на некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка.

В четврток и во петок времето ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега