Нова давачка за граѓаните: По зелената такса владата воведува и нов зелен данок

Не само зелената такса, земјава ќе мора да воведе и зелен данок во следниот период, јавува Сител. Дотогаш  министерот за финансии вели дека ќе има широка дебата со бизнис секторот и експертите за оваа давачка и фирмите ќе имаат време да се подготват за неа. Зелената транзиција е нешто од што земјава не може да бега, затоа што тоа е глобален тренд и во иднина поддршката за земјите ќе зависи од неа. 

Зелената такса нема да ја подгрее инфлацијата над проекциите затоа што намалувањето на ДДВ за струја ќе го амортизира ударот, убеден е министерот. Таа нема да почне да се применува од утре како што беше планирано заради процедури во Собранието. Парите предвидени со неа иако се вкалкулирани во ребалансот на буџетот нема да фалат. Бесими вели дека државната каса се полни побрзо од планираното, натфрлањето на приходите за половина година е околу 15%, а парите од екотаксата се строго наменски за зелени проекти. Собранието утре ќе ја почне дебатата за ребалансот на буџетот.

Повеќе пари за капитални проекти и за поддршка на фирмите и граѓаните за ублажување на последиците од ковид кризата е главниот фокус на ребалансот. Целата собраниска дебата за него се ичекува да заврси до крајот на јули.

01.07.2021 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега