Нова градинка, Културен Центар за млади, повеќе паркинг места и зеленило – најавува Филиповски за Аеродром

„Недостатокот на места во градинка ќе го решиме со нов објект во Мичурин. Ќе вложуваме во современо и квалитетно образование, затоа што младите го заслужуваат само најдоброто. Во следните четири години планираме да отвориме и Младински културен центар, каде младите ќе имаат простор да ги развиваат своите таленти, како и два затворени базени. Ќе работиме и на подобрување на сообраќајните решние, за поголема безбедност и намалување на метежот“, рече Александар Филиповски на вечерашната средба со граѓани во Мичурин. 

„Особено ми е важно да го чујам мислењето на граѓаните, за тоа што треба да се смени во нивната околина. Токму на ова ќе се фокусираат активностите во следниот период. Заедно ќе ги решаваме проблемите и заедно ќе ја обликуваме општината. Одиме во победа!“, напиша тој на социјалните мрежи.  

По средбата во Мичурин, Филиповски, заедно со актуелните градоначалници на Град Скопје и Општина Аеродром Петре Шилегов и Златко Марин се сретнаа со граѓаните од Острово. 

„Проблемот со паркинг места со кои граѓаните од Острово се соочуваат со години ќе биде конечно решен. Ќе работиме на ограничување на пристапот на возила во овој регион, како и зголемување на капацитетот за паркирање“, истакна таму. 

Во своите објави најави и ислучителна грижа за зеленилото, редовно обновување на урбаната опрема и реконструкција на улиците. 

„Секојдневно ќе се чистат јавните површини, ќе се сади ново зеленило, ќе се поставуваат нови детски и спортски игралишта секаде во Општината. Затоа што знам колку сето ова е важно за вашето секојдневие“, вели тој.

28.08.2021 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега