Нова „пресметка“ на небото: Американски ловец „Посејдон“ се доближи до руската граница, Руски МиГ- 31 веднаш полета (ВИДЕО)

Руски МиГ-31 пресретнал американски извидувачки авион над неутралните води на Барентското Море, објави Националниот центар за управување со одбраната на Русија.

Според изјавата, радарите откриле дека мета се приближува кон државните граници на Русија. Екипажот на ловецот од дежурната сила на противвоздушната одбрана на Северната флота го идентификуваше леталото од безбедно растојание - тоа беше „Посејдон“, од Воените сили на САД. Откако извидничкиот авион се оддалечил од руските граници, МиГ-31 се вратил во својата база. Министерството за одбрана истакна дека летот на борбениот ловец- пресретнувач бил во строга согласност со меѓународните правила. Американскиот авион не го нарушил воздушниот простор на Русија.

Следењето на американските авиони во близина на руските граници стана секојдневна појава. Вчера Су-27 пресретна два американски авиони над Црното Море.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 21:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа