Нова снимка од протестот во Тетово: Демонстрант со бекатон плочка тргна кон полицаец

 

Нова снимка од денешниот протест во Тетово поради пожарот во модуларната болница покажува демонстрант кој со бекатон плочка тргнува кон полициски службеник.

Неколку инциденти се случија на протестот во Тетово. Протестирачите најпрво со јајца фрлаа кон општинската зграда, потоа искршија врата за да се пробијат кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, а успеаја да пробијат и еден кордон полициски службеници за истата цел.

Сега, новинарка на порталот „Па Цензура“ објави видео каде се гледа како еден повозрасен демонстрант со бекантон плочка тргнува кон полициски службеник, замавнува неколку пати кон главата на еден од полицајците, но и службениците и протестирачите околу него го запираат во неговата намера.

 

17.09.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа